Tuba Onğun
07 Октомври 2022•Ажурирај: 12 Октомври 2022
АНКАРА (АА) - „Туркиш ерлајнс“ („Турк хавајолари“) овој септември превезе 7,3 милиони патници, што претставува пораст од 8 отсто во однос на периодот пред пандемијата, објави денеска националниот авиопревозник на Туркије, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Бројот на патници се зголеми од 6,7 милиони регистрирани во септември 2019 година - периодот пред пандемијата", се вели во соопштението испратено до Платформата за информации од јавен карактер на Туркије.
Факторот на оптовареност или зафатеноста на седиштата, се зголеми на 85,4 отсто - 86,1 отсто на домашните летови и 82,5 отсто на меѓународните летови. Бројката во септември 2019 година изнесуваше 82,9 отсто.
Обемот на каргото и поштата што ги превезува авиокомпанијата се зголеми за 7,6 отсто на 144.983 тони во истиот период.
„До крајот на овој септември, бројот на авиони во флотата беше 390“, се додава во соопштението.
- Податоци за девет месеци -
Во периодот од јануари до септември, авиокомпанијата превезе 53,9 милиони патници, што е помалку од 56,4 милиони во истиот период од 2019 година.
„Факторот на оптоварување достигна 79,7 отсто во првите девет месеци од оваа година“, се вели во соопштението.
Пренесениот товар и пошта во јуни се зголеми за 12,7 отсто на речиси 1,3 милиони тони во истиот период.