Mahmoud Barakat
10 Август 2016•Ажурирај: 11 Август 2016
КАИРО (АА) - Патнички авион на турската авиокомпанија „Туркиш ерлајнс“ принудно слета на меѓународниот аеродром во Каиро, за да биде спасен животот на еден болен патник, соопштија безбедносните служби од аеродромот во Каиро, јавува Anadolu Agency (AA).
„Пилотот на авионот на „Туркиш ерлајнс“, кој леташе од Ријад за Истанбул, упати барање за да се одобри принудно слетување на аеродромот во Каиро, со цел да биде спасен животот на пакистанска државјанка на која во текот на летот одеднаш ѝ се слошило”, изјави изворот за АА, под услов да остане анонимен.
Откако авионот доби дозвола, а потоа принудно слета, итната медицинска помош ја презеде болната патничка во блиската болница во Каиро. Потоа, авионот го продолжи својот лет за Истанбул.