Abidin Mutlu Bozdağ
01 Февруари 2021•Ажурирај: 02 Февруари 2021
ИСТАНБУЛ (АА) - „Туркиш ерлајнс“ (THY) минатата недела беше прв во Европа со реализирани просечно 588 летови на ден, покажуваат податоците на Европската организација за безбедност на воздушниот сообраќај (Евроконтрол), пренесува Агенција Анадолија (АА).
Евроконтрол објави извештај за воздушниот сообраќај за периодот помеѓу 25-ти и 31-ви јануари.
Според податоците, „Туркиш ерлајнс“ ги надмина своите европски ривали со просечно 588 летови дневно. „Пегасус ерлајнс“ го зазеде третото место на листата, со 265 летови на ден.
Во извештајот се наведува дека податоците од четирите недели од јануари покажале пад од 65 отсто во однос на 2019 година.