Aykut Karadağ
01 Февруари 2021•Ажурирај: 02 Февруари 2021
АНКАРА (АА) - Земјотрес со јачина од 4,7 степени го погоди подрачјето на Карабурун, во турскиот град Измир, кој се наоѓа на брегот на Егејското Море, јавува Агенција Анадолија (АА).
Управата за вонредни ситуации (АФАД) соопшти дека потресот е регистриран во 16:10 часот по локално време, на длабочина од 6,9 километри.
На истото подрачје утринава се регистрирани три земјотреси, од кои два во интервал од една минута.