Ahmet Sait Akçay
04 Февруари 2018•Ажурирај: 05 Февруари 2018
АНКАРА (АА) - Доколку терористичката организација ПЈД/ПКК не го напушти подрачјето на сирискиот град Мунбич, Турција (турските сили) ќе се упати натаму, како и источно од реката Еуфрат, истакна денес турскиот заменик-премиер Бекир Боздаг, пренесува Anadolu AAency (AA).
Во изјава за CNNTurk (Си-ен-ен Турк) Боздаг, кој воедно е и портпарол на Владата, истакна дека терористите на ПЈД/ПКК мора да го напуштат Мунбич, стратешки град западно од реката Еуфрат во северна Сирија.
„Ако тие [ПЈД/ПКК] не го напуштат Мунбич, ќе се упатиме кон Мунбич и источно од Еуфрат“, рече тој.
Боздаг додаде дека 932 терористи на ПЈД/ПКК и на ДЕАШ се неутрализирани од почетокот на операцијата „Маслинова гранка“ во подрачјето на Африн, северна Сирија.
Операцијата во Африн започна на 20 јануари во согласност со турското право засновано на меѓународното право и резолуциите на Обединетите нации (ОН), особено оние кои се однесуваат на борбата против тероризмот 1624 (2005), 2170 (2014) т.е 2178 (2014).
Операцијата има за цел да воспостави безбедност и стабилност долж турската граница и во регионот, како и да го заштити сириското население од опресијата и суровоста на терористите.
Турција се повикува и на членот 51 од Договорот на ОН, односно на Правото на самоодбрана. Операцијата се спроведува со почитување на територијалниот интегритет на Сирија.