Çiğdem Alyanak
20 Декември 2016•Ажурирај: 20 Декември 2016
ИСТАНБУЛ (AA) - Вицепремиерот на Турција, Нуман Куртулмуш, денеска во Истанбул изјави дека синоќешниот атентат на рускиот амбасадор Андреј Карлов е директно вперен во односите меѓу Турција и Русија коишто во последно време забележаа напредок, јавува Anadolu Agency (AA).
„Убиството на рускиот амбасадор во Турција во време кога двете земји се определени кон надминување на меѓусебните проблеми директно имаше за цел да се нарушат односите меѓу Турција и Русија“, рече Куртулмуш.
Вицепремиерот Куртулмуш рече дека настанот се истражува до најситен детаљ, но нагласи и дека е јасно оти се работи за провокација, и поради тоа треба да се внимава.