АНКАРА
Министерот за национална одбрана на Турција, во специјалното интервју за „TRT Haber“ говореше за различни актуелни теми, меѓу кои и за безбедносната зона што ќе се формира во северниот дел на Ирак, пренесува Anadolu Agency (AA).
Што се однесува до неговите средби заедно со началникот на Генералштабот на турската Војска, Јашар Ѓулер, како и другите припадници на Турските вооружени сили (ТСК) во Турската Република Северен Кипар, Акар рече: „Кипар за нас е национална кауза. Свесни сме дека ние со нашите браќа од Кипар имаме заедничка судбина“.
Акар истакна дека во ниту еден случај нема да дадат компромис во врска со политичката еднаквост и безбедност на, како што рече, нивните кипарски браќа.
Тој потсети дека Турција е една од земјите гаранти, и дека секој мора да знае дека Турција поседува значајни права и одговорности во оваа насока, и ќе продолжи беспрекорно да ги исполнува овие обврски.
„Досега стоевме до нашите кипарски браќа, и понатаму ќе продолжиме да стоиме до нив“, додаде Акар.
На новинарското прашање во врска со тоа дека постои зголемена енергетска тензија во Источен Медитеран, и како ќе се надмине тоа, Акар одговори:
„Истакнуваме дека не може да опстои ниту една одлука и решение во кои не се вклучени Турција и Турската Република Северен Кипар. Сакаме секој да знае дека Република Турција и ТСК се подготвени во насока на правење потребни чекори во врска со тоа“.
Акар, исто така, укажа и на важноста од решавање на проблемите во рамки на меѓународното право, и продолжување на односите во рамки на добрососедските односи.
- Безбедносна зона
Што се однесува до договорот постигнат со САД во врска со формирање безбедносна зона во северниот дел на Ирак, Акар потсети дека реализирале средба со специјалниот претставник на САД за Сирија, Џејмс Џефри, и со министерот за одбрана на САД, Марк Еспер.
Потоа, како што рече Акар, САД испратиле воена делегација во Турција, и постигнати се одредени чекори на средбите реализирани од 5 до 7 август.
„Сметаме дека имаше добар почеток. Ја откривме нашата намера, загрижености и барања, а и тие ги истакнаа нивните мислења. Истакнавме дека точката до која дојдовме во оваа насока е отстранување на ЈПГ од безбедносната зона и собирање на тешките оружја. Една важна тема е и контролата и координацијата на воздушниот простор, како и размената на разузнавање. Исто така, во овие теми постигнавме одредени договори“, нагласи Акар.
Турскиот министер информираше дека разговарале и за безбедното и мирно враќање на Сиријците, кои биле принудени да ги напуштат своите домови и се сместиле во Турција, во зоните што ќе бидат исчистени од терористи. Според него, постигнале договор во голема мера во оваа насока.
- „Не можеме да толерираме задоцнување“
Запрашан дали има временско ограничување во оваа насока, Акар одговори: „Определивме некои временски периоди, бидејќи од нашите претходни искуства видовме дека се случија некои задоцнувања. Истакнавме дека не може да го толерираме тоа, и сè што ќе направиме треба да го направиме во рамки на една програма“.
„Јасно и отворено истакнавме дека во оваа зона, во јужниот дел на нашата земја, никогаш нема да дозволиме да се формира терористички коридор. Јасно кажавме дека сме одлучни да преземеме каква било мерка и чекор во оваа насока“, додаде Акар.
Турскиот министер рече дека во безбедносната зона е потребна длабочина од 30-40 километри, и дека за оваа цифра било разговарано и за време на разговорот меѓу претседателите на САД и Турција, Доналд Трамп и Реџеп Таип Ердоган.
„Сметаме дека во наредните денови ќе се направат одредени чекори во оваа насока. Тука многу е важна контролата и координацијата на воздушниот простор, каде што е постигнат и голем напредок. По формирање на заеднички центар за операција, сакаме да напредуваме врз основа на духот на стратешкото партнерство и сојузништво, како и заедничко оперирање со нашите американски сојузници. Но, од друга страна, нарекувајте го како сакате, било план Б или Ц, ако ова нема да функционира, ќе постојат и активности кои ќе ги реализираме сами“, нагласи тој.
Што се однесува до тоа дека „САД постигнаа ваков договор за да ја одвлекуваатТурција“, запрашан дали веруваат во искреноста на САД, Акар рече:
„Искреноста е нешто субјективно. Наместо тоа, ние поставивме многу конкретни цели кои моментално не можам да ги споделам со вас, и определивме контролни точки. Сè додека се почитуваат, со задоволство ќе продолжи нашата еднаквост и соработка. Неколку пати истакнавме дека доколку нема да се постави во овие рамки, не можеме да чекаме. Доколку нема да се случи тоа, нагласивме дека ќе имаме право да преземеме иницијатива да дејствуваме сами, и дека немаме двоумење во оваа насока. Посакуваме и веруваме дека САД, кои се наш сојузник, ќе покажат напор за овој процес да се движи според дадените ветувања“.
Акар нагласи дека на американската страна ѝ пренеле дека треба итно да се стави крај на поддршката од оружје и муниција за ЈПГ, која, како што рече Акар, нема ниту една разлика со терористичката организација ПКК.
Од друга страна, Акар нагласи дека сирискиот режим ги продолжува своите воздушни и копнени напади во Идлиб, со поддршка на Руската Федерација, и дека од јуни досега загинале околу 400 невини лица.
Акар информираше дека одвреме-навреме се вршат и некои напади врз 12-те набљудувачки точки на Турција, и дека на руската страна ѝ пренеле дека повеќекратно ќе им возвратат на овие напади. „Тие (руската страна) се обидуваат да објаснат дека тоа се случува по грешка“, рече тој, додавајќи дека продолжуваат нивните средби со Русија со цел преземање потребни мерки за осигурување на нормализацијата на животот во регионот.
- Борба против тероризмот
Што се однесува до борбата на Турција против терористичката организација ФЕТО, Акар рече дека ТСК е многу чувствителна и внимателна во оваа насока, и дека борбата продолжува со голема сериозност.
„Од 15 јули (2016 година) досега од ТСК се исклучени 17.499 лица. Покрај тоа, во тек се процесите против 6.353 други вработени. Не стануваме посилни додека ги чистиме овие предавници“, нагласи Акар.
Акар, исто така, истакна дека во рамки на борбата против терористичката организација ПКК, реализирани се 105 средби и големи операции, со исклучок на малите операции, и дека се одлучни да го спасат турскиот народ од ова терористичко зло.
Запрашан во врска со снабдувањето со „С-400“ од Русија, Акар нагласи дека е завршена испораката на првата батерија на првата флота. „Во август-септември ќе се реализира испораката на втората батерија“, додаде тој.
Акар рече дека во тек се и средбите со Американците во врска со „Патриот“.
news_share_descriptionsubscription_contact


