Dzihat Aliju
07 Август 2016•Ажурирај: 07 Август 2016
СКОПЈЕ (АА) – Турскиот државен телевизиски канал ТРТ ќе го емитува во живо Митингот за демократија и загинатите херои на 7 јазици, кој ќе започне во 16 часот (17 часот по локално време) во Јеникапи, Истанбул, јавува Anadolu Agency (AA).
Во информацијата од веб-страницата на ТРТ се вели дека Митингот за демократијата и загинатите херои кој ќе се одржи денеска во Јеникапи, во Истанбул, во 16 часот, ќе се емитува во живо на 7 јазици.
Јазиците на кои ќе се пренесува митингот се: турски, англиски, француски, шпански, германски, руски и арапски.
Директниот пренос може да се следи од линкот: http://www.trt.net.tr/miting/, додека најважните настани околу митингот може да ги следите на веб страната на АА на македонски јазик.
Во меѓувреме, граѓаните неколку часа пред почетокот на „Митингот за демократија и загинатите херои“ почнаа да го исполнуваат плоштадот, на кој за прв пат ќе присутствуваат заедно турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, премиерот Бинали Јилдирим, претседателот на опозициската Народна републиканска партија, Кемал Киличдароглу, и претседателот на Партијата за национално движење, Девлет Бахчели.
Во меѓувреме, каналот ТРТ може да се следи преку овие фреквенции, кои ќе нудат избор од 7 аудио-канали, за секој од 7-те јазици на кои ќе се емитува митингот:
UP_LINK(V) MHZ: 14094.5
MODULATION: DVB-S2 8PSK
SYMBOL RATE: 6400
FEC: 5/6
PILOT: ON
DOWN-LINK(H) MHZ: 11544.