Merve Gül Aydoğan Ağlarcı
12 Март 2020•Ажурирај: 13 Март 2020
АНКАРА (АА) - Турскиот министер за одбрана, Хулуси Акар, денес изјави дека Турските вооружени сили остануваат во Идлиб, Сирија, кој граничи со јужната турска граница, јавува Агенција Анадолија (АА).
Отфрлајќи ги наводите дека Турција се повлекла од регионот во северозападна Сирија, Акар за новинарите во Анкара изјави дека Турските воружени сили се присутни во областа.
Во врска со разговорите меѓу турските и руските воени официјални претставници за започнување заеднички патроли во Идлиб, во рамките на договорот за прекин на огнот склучен минатата недела, Акар изјави: „Руската воена делегација пристигна и преговорите се во тек. Постигнавме добар договор.“
„Нашите сили имаат наредба да дејствуваат соодветно доколку дојде до прекршување на прекинот на огнот и доколку продолжат нападите. Сите се подготвени во секој момент... Ние ќе продолжиме од таму каде што застанавме и ќе им нанесеме штета [на силите на режимот на Асад]“, додаде Акар.
Најмалку 34 турски војници ги изгубија животите минатиот месец во Идлиб во напад на силите на режимот на Асад. Турција се одмазди на режимските сили и ја започна операцијата „Пролетен штит“ со цел да спречи понатамошни напади врз сириските цивили и турските војници.
Турските војници се наоѓаат во Идлиб во рамките на претходниот договор за прекин на огнот склучен во 2018 година.
Акар додаде дека пет терористи поврзани со терористичката организација ЈПГ/ПКК биле неутрализирани во северен Иран во операциите поддржани од воздух и од разузнавањето.
Во својата над 30-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, којашто се наоѓа на листата терористички организации на Турција, САД и Европската Унија, одговорна е за смртта на 40.000 луѓе, меѓу кои и деца и жени. ЈПГ е сириски огранок на ПКК.