Gökhan Ergöçün
29 Март 2019•Ажурирај: 30 Март 2019
ИСТАНБУЛ (АА) - Турскиот министер за трезор и финансии, Берат Албајрак, изјави дека Турција брзо ќе влезе во процес на нормализација по локалните избори што ќе се одржат на 31 март во таа земја, јавува Anadolu Agency (AA).
„Нема да постојат изборни прашања во Турција за 4,5 години по изборите, а земјата брзо ќе премине во нова ера“, истакна Албајрак во телевизиска прогорама.
„По изборите, Турција ќе влезе во нов реформски период, каде што ќе постојат позитивни резултати од периодот на економско ребалансирање“, истакна Албајрак.
„Овие економски реформи ќе бидат објавени во текот на неделата на 8 април“, изјави Албајрак и додаде:
„Во престојниот период, надворешната трговија на Турција ќе биде избалансирана. Турција ќе преземе потребни чекори за зајакнување на финансискиот екосистем“, изјави Албајрак.
Тој рече дека монетарната и фискалната политика ќе бидат нормализирани во координација.
„Централната банка, исто така, презема чекори независно, и ќе продолжи да презема чекори на свој начин“, нагласи Албајрак и додаде: „Во текот на изминатите денови, имаше валутни флуктуации врз основа на шпекулативни информации во Турција“, рече турскиот министер.
„Неколку луѓе кои се сметаат за економисти, шират дезинформации во многу канали“, истакна Албајрак.
Тој додаде дека со шпекулациите треба да се справува поефикасно.
„Потенцијалот на Турција е во нејзината сегашната позиција во светската трговија. Земјата има капацитет да го исполни извозот од 250 до 300 милијарди долари“, потенцираше Албајрак.