Mümin Altaş
11 Јули 2022•Ажурирај: 13 Јули 2022
АНКАРА (АА) - Шефот за комуникации во Кабинетот на претседателот на Туркије, Фахретин Алтун, испрати порака по повод 27-годишнината од геноцидот во Сребреница, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Болката од геноцидот во Сребреница, едно од срамните сведоштва на современиот свет, е сè уште свежа. Туркије е сè уште со босанскиот народ и го презема секој чекор за мирот и безбедноста на географската област на Балканот. Нека почиваат во мир душите на сребреничките шехиди“, изјави Алтун кој исто така сподели видеоснимка за геноцидот во Сребреница.
Во видеото нагласи дека во Сребреница е извршен најбруталниот масакр во Европа по Втората светска војна и дека десетици илјади невини луѓе се обиделе нивниот глас да се слушне во Сребреница во јули 1995 година.
Алтун изјави дека за жал тогаш не е одговорено на апелите да се запре геноцидот во Европа, да се спречи напредувањето на српските сили и мировните сили на Обединетите нации (ОН) да воспостават мир на терен.
Тој потсети дека за време на војната што избила по распадот на Југославија, расистичките српски банди и војници секој ден го зголемувале насилството и злосторствата, користејќи го молкот на меѓународната јавност и непостоењето на санкции.
Како што рече, од безбедносни причини, мировните сили на ОН го собрале оружјето што било во рацете на Бошњаците, им дале усни гаранции дека ќе ги заштитат и со тоа ги оставиле Бошњаците без можност да се бранат од геноцидот.
„Според наредбата на тогашните расистички водачи, кои не покажаа никакви човечки вредности, на 11 јули десетици илјади војници без проблем влегоа во разоружената Сребреница и за само пет дена убија 8.373 бошњачки муслимани. Како резултат на етничкото чистење извршено за време на војната во многу градови, речиси и да не останаа Бошњаци. Некои мораа да избегаат, а многумина беа убиени“, рече Алтун и додаде:
„Бошњаците притворени во стотици концентрациони логори низ земјата беа мачени, силувани и убиени. Овој масакр, чија цел беа невини цивили - жени, мажи, деца и стари лица - и кој го покажа грдото лице на расизмот на почетокот на 21 век, уште еднаш ја доведе во прашање одговорноста на меѓународните организации, особено на Обединетите нации, и уште еднаш на дневен ред ја стави потребата од силни реформи во нивните структури.“
На крајот, тој рече дека болката и тагата предизвикани од геноцидот во Сребреница никогаш нема да завршат.
„И денес болката предизвикана од овој геноцид, кога беа извршени многу масакри и злосторства против човештвото среде Европа, кои траеја три и пол години со бесчувствителноста на меѓународната заедница. Турција секогаш ќе биде со братскиот босански народ и ќе продолжи да презема дипломатски чекори на сите меѓународни платформи со цел да се избегнат слични злосторства“, рече Алтун.