Sinan Özmüş
14 Октомври 2018•Ажурирај: 15 Октомври 2018
АНТАЛИЈА (АА) - Американскиот турист Карлос Фернандес Лопез, почина за време на летниот одмор во Анталија, а со донираните органи ги спаси животите на три лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Инженерот Лопез летувал со своето семејство во хотелската населба Кунду во Анталија кога доживеал несреќа за време на пливањето.
Лопез е префрлен во болница, но за него веќе било доцна, бидејќи претрпел мозочна смрт.
Со хуман потег семејството ги донирало неговите бубрези и црниот дроб за тројца пациенти.
Сите три трансплантации се успешно завршени и пациентите се пуштени на домашно лекување, а посмртните останки на Лопез се префрлени во Соединетите Американски Држави.