İsmail Çimen
06 Мај 2016•Ажурирај: 07 Мај 2016
АНКАРА (АА) - Во Анкара, главниот град на Турција, паркиран автомобил пропадна во дупка која настана како последица на пукање на водоводна цевка, јавува Anadolu Agency (AA).
Според добиените информации, како последица на пукањето на водоводна цевка настанало лизгање на земјиштето и пропаѓање на асфалтот при што паркираниот автомобил пропаднал во дупката широка три метри.
Екипите на водовод по тричасовна работа успеале да го санираат дефектот и да го прекинат дотокот на вода. Водата е отстранета со помош на камиони за отпадни води. Автомобилот претрпе голема штета.
Од снимките на безбедносната камера која била поставена во близина на паркираното возило, може да се погледне целиот случај на пропаѓање на автомобилот во дупката.