Adsız Günebakan
06 Мај 2016•Ажурирај: 06 Мај 2016
ГАЗИАНТЕП (АА) - Во пожар кој изби во ноќните часови во фамилијарна куќа во градот Газиантеп, во јужниот дел на Турција загинаа седум лица а едно е повредено, јавува Anadolu Agency (AA).
Причините за избивање на пожарот сè уште не се познати.
Противпожарните екипи успеаа да го изгаснат пожарот. Во текот на увидот утврдено е дека во пожарот смртно настрадал таткото Мехмет Емин Бакир и шест деца, а мајката е повредена и е хоспитализирана.
Полицијата започна истрага за овој случај.