Merve Gül Aydoğan Ağlarcı
08 Декември 2020•Ажурирај: 09 Декември 2020
АНКАРА
Агенцијата за управување со катастрофи и вонредни состојби (АФАД) во 2019 година испрати хуманитарна помош во речиси 11 земји и за таа цел потроши 55 милиони долари, јавува Агенција Анадолија (АА).
Турција, во извештајот за глобалната хуманитарна помош, од иницијативите за развој е сместена на листата земји кои потрошиле најмногу средства за хуманитарна помош во 2018 и 2019 година.
Минатата недела, турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, изјави дека неговата земја ќе продолжи да ја имплементира претприемничката и хуманитарна надворешна политика и во 2021 година. Чавушоглу изјави дека Турција им помогнала на 156 земји во екот на пандемијата.
Во меѓувреме, АФАД објави зголемување на побарувачката за меѓународна помош поради природните катастрофи и понатамошното влошување на конфликтите во Сирија и Јемен.
„АФАД е посветен да ги залечи раните на луѓето низ светот што се погодени од војна, глад и други катастрофи. Само во 2019 година, АФАД пружи помош на 11 земји, одговарајќи на повиците на националните влади кои повикуваат на хуманитарна помош“, се вели во извештајот на АФАД.
Износот на помошта ги исклучува оперативните и логистичките трошоци.
- Модел на помош -
„Наместо да создаде циклус на зависност, пристапот на Турција кон меѓународната хуманитарна помош беше да обезбеди средства за земјите да се развиваат и да станат независни од самата помош“, се додава во извештајот.
Турција преку својата организација за помош работи и со локалните невладини организации. На пример, во Јемен беа инсталирани мобилни здравствени клиники за оние што немаа пристап до здравствени установи.
Од 2009 година, АФАД ѝ достави на Сирија најмалку 1,2 милијарди долари во форма на хуманитарна помош. Според извештајот на Канцеларијата на ОН за координација на хуманитарните работи, сириски Идлиб во моментов е домаќин на околу 3 милиони луѓе, со 1,8 милиони внатрешно раселени лица.
Во моментот, АФАД координира четири кампови во регионот на Идлиб. Исто така, ја набљудува изградбата на 50.000 куќи со брикети, што се очекува да бидат завршени до крајот на годината.
Шефот на АФАД, Мехмет Ѓулуоглу, изјави дека по петгодишната војна, Јемен претставува најлошата светска хуманитарна криза.
„Со речиси 80 отсто од популацијата која живее во глад, епидемии на болести и немање засолниште и недостаток на здравствени услуги, кризата во Јемен расте и е потребна додатна финансиска помош“, додаде Ѓулуоглу.
Само во 2019 година, АФАД два пати достави хуманитарна помош во Јемен.
„АФАД во 2019 година во Јемен придонесе со хуманитарна помош во вредност од 1,2 милиони долари. Хуманитарната помош, што е доставена оваа година, е во корист на 268.466 луѓе“, се вели во извештајот.
Ѓулуоглу вети дека ќе ги продолжат своите напори за хуманитарна помош и покрај сите проблеми? шанси.
„И покрај сите безбедносни проблеми, работејќи со експерти од оваа област, АФАД ќе ги продолжи своите хуманитарни мисии во странство и ќе обезбеди никој да не биде оставен без засолниште или храна“, рече тој.