Satuk Buğra Kutlugün
23 Септември 2016•Ажурирај: 24 Септември 2016
ЊУЈОРК (АА) – Заменик-претседателот на САД, Џо Бајден потврди дека Анкара обезбедила конкретни докази за тоа дека лидерот на терористичката организација ФЕТО, Фетула Ѓулен го испланирал неодамнешниот обид за државен удар во Турција, соопшти вчера министерот за правда на Турција Бекир Боздаг, јавува Anadolu Agency (AA).
„Имаме доволно информации, документ и доказ што покажуваат дека Фетула Ѓулен стои зад обидот за државен удар, вели Боздаг, осврнувајќи се на терористичката организација ФЕТО, за која Анкара смета дека е вмешана во обидот за државниот удар. Бајден исто така прифати и изјави дека постојат конкретни докази“, вели тој.
Боздаг вели дека Турција очекува САД да го преземе потребниот „втор чекор“ и да го приведе Ѓулен.
„Се надеваме дека тоа нема да биде одложено и ќе се случи во краток рок“, вели Боздаг додавајќи: „Побаравме Ѓулен да биде приведен поради обидот за државен удар, како одговорен за него. Тој е терорист што од Пенсилванија го спроведе овој обид за удар“.
Ѓулен исто така е обвинет за водење долготрајна кампања за соборување на власта преку инфилтрирање во турските институции, особено во армијата, полицијата и во судството, формирајќи таканаречена паралелна структура.