Canberk Yüksel,Michael Hernandez,Kasım İleri
17 Јули 2016•Ажурирај: 18 Јули 2016
ПЕНСИЛВАНИЈА (AA) – Група од 100 Турци кои што живеат во САД вчера во Пенсилванија протестираа поради обидот за државен удар кој го изведоа припадниците на турската војска, лојални на терористичката група ФЕТО/ПДЈ на чиј лидер е Фетулах Ѓулен кој живее во Пенсилванија, јавува Anadolu Agency (AA).
Демонстрантите се собраа во градот Сајлорсбург во кој се наоѓа приватната резиденција на Ѓулен.
Собраните демонстранти од американската администрација побараа да го испорача Ѓулен на Турција, каде што тој се терети за низа кривични дела вклучувајќи неколку обиди за собороување на демократски избрана власт.
„Обама, избркајте го", „Нацијата е тука, каде се предавниците", „Вашиот сосед е терорист", беа некои од пораките кои демонстрантите ги извикува на собирот одржан во близина на резиденцијата на Ѓулен.
„Ние само сакаме САД да го предаде Ѓулен на Турција за да одговара за се што и направил на таа држава", рече за АА Неџит Зафер Сајдам кој на протестите допатува од сојузната држава Конектикут.
Еден од организаторите на протестниот собир Хасан Гучлу истакна дека целта на собирот е да и се укаже на американската јавност за неопходноста од испорачување на Ѓулен на Турција.
„Се надеваме дека ситуацијата ќе биде поинаква по последниот обид за државен удар. Турција треба да ги искористи сите карти и можности за да Ѓулен биде вратен и процесуиран"; порача Гучлу.
И жителите на Пенсилванија и првите соседи на резиденцијата на Ѓулен, Пени и Лестер, не откривајќи ги презимињата, велат дека се изненадени поради тоа што американската влада не и помага на Турција во случајот Ѓулен.