Satuk Buğra Kutlugün
26 Февруари 2018•Ажурирај: 26 Февруари 2018
АНКАРА (АА) - Поранешниот ководач на терористичката организација ПЈД/ПКК, Салих Муслим, денес ќе се појави пред судот во Прага, истакна турскиот вицепремиер Бекир Боздаг, пренесува Anadolu Agency Agency (AA).
„Турција очекува Салих Муслим, кој е лидер на терористичката група и кој сè уште активно заговорa терористички напади врз Турција, да биде екстрадиран во нашата земја, според законските договори помеѓу нашите земји“, изјави Боздаг за турскиот канал „NTV“ („НТВ“) во главниот град Анкара.
Турски официјален претставник, кој зборуваше под услов да остане анонимен, истакна дека Муслим е уапсен во Прага во саботата.
Приведувањето се случи откако Турција ја повика Чешка да го уапси поранешниот терористички ководач, и испрати налози за неговото апсење во Прага, додаде официјалното лице.
Турското Министерство за внатрешни работи понуди награда од речиси 1 милион долари за фаќањето на Муслим, кој се наоѓа на листата најбарани терористи.
Чешките власти претходно побараа од Турција да ги достави сите потребни документи за екстрадиција на Муслим.
Турските безбедносни претставници и турското Министерство за правда започнаа административна постапка за екстрадиција на Салих Муслим.
ПЈД/ПКК е сириски огранок на терористичката организација ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации во Турција, Соединетите Американски Држави (САД) и Европската Унија (ЕУ).