Yılmaz Kazandıoğlu,Necmi Ertuş
03 Септември 2016•Ажурирај: 04 Септември 2016
ХАЌАРИ (АА) - Најмалку тројца војници загинаа, а 20 се ранети, меу кои три потешко, за време на антитерористичката акција во местото Чукурџа во Хаќари, град на самиот југоисток на Турција, јавува Anadolu Agency (AA).
Антитерористичките акции се спроведуваат против членовите на терористичката организација ПКК. Вооружените сили на Турција (ТСК) продолжуваат со антитерористичките акции кои се изведуваат со помош на копнените и воздушните сили.
Во раните утрински часови загинаа тројца војници додека 20 се ранети. Меѓу ранетите, три лица се во тешка здравствена состојба. Ранетите се пренесени во државната болница во Хаќари.