Barış Gündoğan
01 Април 2017•Ажурирај: 02 Април 2017
АНКАРА (АА) - Најмалку 99 припадници на терористичката организација ПКК се убиени за време на операцијата на турските безбедносни сили спроведена во источниот дел на земјата, јавува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението од Генералштабот на Турските вооружени сили наведени се информации во врска со активностите на турските безбедносни сили во периодот меѓу 24. и 30. март.
Се истакнува дека се спроведени акции против сепаратистичката терористичка организација ПКК во градовите Ширнак, Хакќари, Мардин, Дијарбакир, Битлис и Агри. Во тие акции неутрализирани се најмалку 99 терористи, запленети се 52 јуришни пушки, 109 рачни гранати како и друг вид оружје и муниција.
Освен оружје и муниција, турските безбедносни сили заплениле 839 килограми марихуана, 4.550 литри гориво и над 50.000 кутии цигари. Со тоа е зададен тежок удар и кога станува збор за финансирање на организацијата.