Zehra Nur Düz
01 Декември 2021•Ажурирај: 01 Декември 2021
АНКАРА (АА) - Најмалку пет лица загинаа како последица на силното невреме во турскиот Мраморен регион, соопшти турскиот министер за здравство, Фахретин Коџа, јавува Агенција Анадолија (ААА).
„Најмалку 63 лица се повредени“, напиша Коџа на Твитер.
„Дваесет и осум амбулантни возила, три тима од Националниот медицински спасувачки тим (УМКЕ) и 99 лица од здравствениот персонал се распоредени во областите на невремето“, истакна Коџа.
Тој упати сочувство и најдобри желби до турската нација.
Петнаесетмилионската метропола Истанбул и голем број други турски области, од понеделникот се зафатени од силно невреме со силни ветришта, што резултира со забрана за движење на мотоцикли и електрични скутери на патиштата и прекин на наставата на различни места поради безбедносни причини.