Ferdi Türkten
10 Август 2023•Ажурирај: 10 Август 2023
АНКАРА (АА) - Локалните безбедносни сили при Сириската национална војска (СМО), со разузнавачка и оперативна поддршка од Националната разузнавачка служба на Туркије (МИТ), фатија тројца терористи на терористичката организација ДЕАШ во рамките на операциите извршени во зоните каде што беше реализирана операцијата „Извор на мирот“ во северниот дел на Сирија, јавува Анадолу.
Според информациите добиени од безбедносните извори, лицата што вршеле активности во рамките на терористичката организација ДЕАШ биле откриени во Сирија како резултат на работата на МИТ и СМО.
Во рамките на операциите извршени од страна на локалните безбедносни сили при СМО, со разузнавачка и оперативна поддршка од МИТ, фатени се тројца терористи на ДЕАШ.
Се истакнува дека терористите се фатени во зоната каде што беше реализирана операцијата „Извор на мирот“.
Исто така, се нагласува дека во рамките на операцијата запленето е многу муниција и опрема, меѓу кои еден ракетен фрлач РПГ, пет рачни бомби, пет пушки од типот АК-47, 2 мотоцикли и друга опрема.
Според соопштението, МИТ со решителност ја продолжува борбата против терористичките организации. Туркије ги продолжува своите антитерористички активности без да прави разлика меѓу која било терористичка организација, како што се ДЕАШ, Ал Каеда и ПКК.