Hamdi Çelikbaş
31 Јули 2017•Ажурирај: 31 Јули 2017
АНКАРА (АА) - Најмалку тројца припадници на терористичката организација ПКК беа неутрализирани синоќа во воздушните напади на турската авијација во регионот Зап во северен Ирак, јавува Anadolu Agency (AA).
Според соопштението на Генералштабот на Турција, турската авијација делувала во регионот Зап врз основа на информациите за подготовки за терористички напади, притоа уништени се две локации за складирање на муниција и два центри за логистичка поддршка.
Авионите по извршената задача се вратија во базата.
Терористичката организација ПКК се наоѓа на листата терористички организации во Турција, Европската Унија и Соединетите Американски Држави (САД).