Sertaç Bulur
31 Јули 2017•Ажурирај: 31 Јули 2017
АНКАРА (АА) - Турските безбедносни сили неутрализираа вкупно 35 терористи во периодот од 24 до 31 јули оваа година, соопшти Министерството за внатрешни работи на Турција, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според податоците на турското МВР, 17 терористи се убиени во судирите со припадниците на безбедносните сили, седум се уапсени додека 11 терористи, воглавно припадници на терористичката организација ПКК, се предале на безбедносните сили кои во текот на изминатата недела извршија вкупно 157 антитерористички операции.
Покрај тоа, од слобода се лишени над 200 осомничени за помагање на терористичките организации ПКК, ДЕАШ и ФЕТО.
Во југоисточниот дел на Турција уништени се 26 засолништа на терористите и 97 експлозивни направи.
Безбедносните сили пронајдоа и запленија речиси четири тони канабис и 755 килограми хероин. Уапсени се 162 дилери на опојни дроги.