Handan Kazancı
12 Март 2021•Ажурирај: 13 Март 2021
ИСТАНБУЛ (АА) - Најмалку 15 припадници на терористичката организација ДЕАШ се приведени во Истанбул, јавува Агенција Анадолија (АА).
Приведувањата се извршени во истовремени операции на над десетина локации, изјавија безбедносни изворите кои зборуваа под услов на анонимност.
Антитерористичките тимови се обидуваат да фатат уште четворица осомничени, додаваат изворите.
Турција беше една од првите земји што ја прогласи ДЕАШ за терористичка организација во 2013 година.
Оттогаш во земјата беа извршени повеќе напади од терористите на ДЕАШ, односно најмалку 10 самоубиствени бомбашки напади, 7 бомбашки напади и 4 вооружени напади, во кои загинаа 315 лица, а беа повредени стотици други.
Како одговор на нападите, Турција започна антитерористички операции во земјата и во странство за да спречи нови напади.