Seda Sevencan
08 Декември 2021•Ажурирај: 09 Декември 2021
ИСТАНБУЛ
Најмалку шест осомничени члена на терористичката организација (ФЕТО), групата која стои зад неуспешниот пуч во 2016 година во Турција, се приведени во северозападниот дел на Турција при обид да избегаат во Грција, соопшти денеска националното Министерство за одбрана, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Уште тројца други беа исто така приведени од страна на турската гранична стража во областа Едрене“, додаде Министерството на Твитер.
Терористичката организација ФЕТО и нејзиниот лидер Фетула Ѓулен, кој се наоѓа во Соединетите Американски Држави (САД), го организираа неуспешниот пуч на 15 јули 2016 година, во кој животот го загубија 251 лице, а 2.734 беа повредени.
Анкара, исто така, го обвини ФЕТО за долгогодишната кампања за соборување на државата низ инфилтрација во турските институции, особено во војската, полицијата и судството.