Jeyhun Aliyev
13 Ноември 2020•Ажурирај: 14 Ноември 2020
САМСУН
Турската полиција приведе осум лица во црноморската област Самсун поради наводи за нивна поврзаност со терористичката организација ДЕАШ, велат безбедносни извори, јавува Агенција Анадолија (АА).
Локалните антитерористички тимови во Самсун извршија истовремени операции за да фатат 11 ирачки државјани.
Осум од нив се приведени, а потрагата по останатите осомничени е сѐ уште во тек, според безбедносните извори.
Полицијата за време на рацијата исто така заплени дигитален материјал во местата на живеење на осомничените.
Во 2013 година Турција беше меѓу првите земји што ја ставија ДЕАШ на листата на терористички организации.
Земјата досега повеќепати беше цел на напади на ДЕАШ и тоа на најмалку 10 самоубиствени напади, 7 бомбашки напади и на 4 оружени напади, во кои загинаа најмалку 315 луѓе, а стотици беа повредени.
Турските безбедносни сили спроведуваат одлучна борба против терористичката организација во земјата, како и надвор од неа.