Muhammed Boztepe
03 Јуни 2021•Ажурирај: 03 Јуни 2021
АНКАРА
Најмалку тројца терористи се неутрализирани во антитерористичка операција во југоисточниот дел на Турција, соопшти Министерството за внатрешни работи, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на министерството се вели дека терористите се неутрализирани од страна на жандармериските сили и дека нивнте оружја се запленети за време на операцијата „Ерен -11“ во областа Битлис.
Еден чувар е убиен, а двајца службеници на жандармеријата се повредени во конфликтот со терористите.
Иако не беше прецизирана поврзаноста на терористите, терористичката организација ПКК е активна во источна и југоисточна Турција.
Операцијата Ерен, именувана по Ерен Булбул, 15-годишник убиен од страна на терористичката организација ПКК на 11 август 2017 година, започна во јануари со цел целосно елиминирање на тероризмот во земјата.
Во својата над 35-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, којашто се наоѓа на листата терористички организации на Турција, САД и ЕУ, е одговорна за смртта на најмалку 45.000 луѓе, меѓу кои има и жени и деца.