Bedrudin Brlyavac
21 Јуни 2018•Ажурирај: 24 Јуни 2018
АНКАРА (АА) - Anadolu Agency (AA) во претходните пет изборни циклуси во Турција на медиумските куќи им овозможуваше резултати од изборите врз основа на прецизните податоци од глсачките места.
Изборните резултати кои ги објави АА секој пат се поклопуваа со резултатите кои ги објавуваше Врховната изборна комисија (YSK) на Република Турција.
Речиси сите национални и регионални медиуми се претплатени за вестите на специјалното известување на АА за претстојните претседателски и парламентарни избори во Турција.
Податоците кои АА ги проследува на медиумските куќу на секои избори се тестираат најмалку четири пати, односно се применува систем познат како „единица за тестирање на лажни податоци“ (mock data unit testing).
Целта на овие тестирања е да се отстранат можните ризици при преносот на податоците во изборната вечер, да се увидат техничките компетенции на медиумските куќи по прашање нивните системи за следење на изборите и да се овозможи интегрирана работа со системот за проток на податоци на АА.
Во соопштението на АА се наведува дека споменатите тестирања не се достапни на јавноста туку само на медиумските куќи.
Се додава дека АА е најголем и најдоверлив извор на вести во турските медиуми.
Во Турција во недела на 24 јуни ќе се одржат претседателски и парламентарни избори.