Meryem Göktaş
02 Септември 2019•Ажурирај: 04 Септември 2019
АНКАРА (АА) - Програмата на Обуката за воено новинарство на Anadolu Agency (АА), 16. по ред, продолжи денес во рамките на Новинарската академија на Агенцијата.
Дванаесетдневната програма започна на 26 август и ќе трае до 6 септември.
Вкупно 17 учесници - вклучувајќи ги и дописниците на АА од различни подрачја, како Палестина и Етиопија - се обучуваат од страна на турските воени и полициски сили, од службите за вонредни состојби и јавните институции со седиште во главниот град Анкара.
Дописниците ја продолжија својата обука за напредните техники на возење, а искусија и чад од гранати и солзавец за време на обуките во Полициската академија.
Во првите седум дена од обуката се изучуваат предметите прва помош, преживување за време на хемиски и биолошки напади, техники на вода и техники за опстанок.
Хусеин Јилдиз, дописник на Anadolu Agency од источниот турски град Игдир, учесник во обуката, рече дека обуката не само што ќе биде од голема корист за неговата работа, туку ќе биде корисна и за неговиот секојдневен живот.
Дел од обуката е и Илјас Ѓун од турската област Самсун, кој рече дека обуката за техниките за вода и техниките за опстанок е многу корисна за него, бидејќи работи во регионот на Црното Море, каде што се соочува со многу инциденти со давење.
Мухамед Абду Абдалбаки, кој се приклучи на обуката од главниот град на Етиопија, Адис Абеба, истакна дека е многу возбуден што е дел од обуката.
Тој нагласи дека обуките за напредните техники на возење биле најкорисни за него досега, бидејќи работи во различни делови на источна Африка со лоша патна инфраструктура.
Распоредот се разликува од распоредот на другите програми за обука во однос на времетраењето и часовите за теоретскиот и практичниот дел на курсот. На успешните учесници ќе им бидат доделени меѓународно признати сертификати.