Adem Demir,Hikmet Faruk Başer
20 Јули 2016•Ажурирај: 21 Јули 2016
ИСТАНБУЛ (AA) – На зградата на Културниот центар „Ататурк“, на централниот истанбулски плоштад „Таксим“, поставен е голем транспарент со пораките на осуди на обидот за пуч што во петокот вечерта го изведоа припадниците на турската војска лојални на терористичката организација Фетулахџи/Паралелна државна структура (ФЕТО/ПДЈ), јавува Anadolu Agency (AA).
„На зградата се наоѓаат два големи постера со ликот на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, а на транспарентот се испишани пораките:
„Со Божја помош, знамето на демократијата ќе се вее над небот“ и „Ова се храбри синови на големиот народ“.
Освен тоа, на плоштадот „Таксим“ е поставено и големо пано на кое се испишани имињата на сите херои што загинаа спротивставувајќи им се на пучистите во Истанбул.
„Дадовме шехиди за да можеме слободно и достојно да живееме во демократска држава. На храбриот отпор на народот и на овие шехиди сме должни за овој и за секој ден во иднина. Сите сме горди членови на оваа голема нација. Горди сме на своите шехиди и нашите срца секогаш ќе чукаат за нив. Нека ни е жива и здрава нацијата и татковината“, се наведува во текстот под имињата на загинатите во борбата против пучистите.
Поставувувањето на транспарентите и паноата најде на овации од страна на неколкуте илјади турски граѓани, кои веќе шести ден не го напуштаат плоштадот „Таксим“ и под слоганот „Дежурство за демократија“, даваат поддршка на легалната и легитимната власт во борба против предавниците на народот и државата.