Admir Fazlagic
21 април 2016•Ажурирај: 22 април 2016
СКОПЈЕ (АА) - Илјадници граѓани се собраа вечерва низ улиците на скопските улици продолжувајќи да протестираат против одлуката на претседателот Ѓорге Иванов за аболиција на сите политичари против кои се водат истраги во моментов, а во исто време собир одржаа и приврзаниците на Граѓанското движење за одбрана на Македонија (ГДРОМ) во знак на револт на протестите кои се случуваат изминативе денови, јавува Anadolu Agency (AA).
Протестите во организација на граѓанската иницијатива "Протестирам" започнаа во 18 часот пред просториите на Специјалното јавно обвинителство (СЈО), потоа продолжија кон зградата на ЕУ-Инфоцентарот и просториите на Државната изборна комисија (ДИК). Демонстрантите освен што побараа повлекување на одлуката на претседателот Иванов за аболиција на политичарите, тие побараа одложување на изборите кои се предвидени да се одржат на 5 јуни, барајќи пред нивно одржување да се исполнат условите за одржување на како што рекоа слободни, фер и демократски избори.
Потоа, демонстрантите се упатија кон зградата на Владата на Република Македонија, кон која фрлаа разни боји, нарекувајќи го симболично овој чин како "шарена револуција".

За разлика од нив, граѓаните кои беа собрани пред зградата на Собранието, порачаа дека граѓаните кои протестираат против одлуката на Иванов, не треба да ги оштетуваат спомениците и институциите, притоа истакнувајќи дека изборите треба да се одржат на 5 јуни со што како што истакнаа народот ќе покаже кој е во право и ќе заврши политичката криза која трае подолго време.
За време на протестите имаше големо присуство на безбедносните сили, при што поставените полициски кордони не дозволуваа да дојде до судир помеѓу двете спротиставени групи кои во иста вечер организираа собири.
На крајот на протестите, во близина на раскрсницата пред Соборниот храм полицијата не дозволуваше да поминат демонстрантите кои дојдоа од пред зградата на Владата се додека граѓаните кои вечерва излегоа во организација на ГДОМ не заминат.
Од грѓанските организации најавија дека протестите продолжуваат и во наредните денови.