Cemal Coşkun
01 Декември 2015•Ажурирај: 02 Декември 2015
ИСТАНБУЛ (АА) - Гувернерот на Истанбул Васип Шахин изјави дека едно лице е полесно повредено во екслозијата која вечерва се случи во Истанбул, јавува Anadolu Agency (AA).
"Сеуште не е познато како дојде до експлозијата. Ги истражуваме сите можности", рече Шахин.
Силна експлозија одекна во близина на влезот на станицата на подземна железничка во населбата Бајрампаша во Истанбул.
Патниците на едниот воз на подземната железница се евакуирани, а припадниците на полицијата преземаа опсежни безбедносни мерки.
Сообраќајот во тој дел на градот е блокиран.