Hakan Ceyhan Aydoğan
01 декември 2015•Ажурирај: 02 декември 2015
МОСКВА (АА) - Пратеникот на долниот дом на рускиот парламент Дума, Дмитриј Гудков, оштро ги критикуваше притисоците на турските државјани коишто живеат во Русија и санкциите кои руските власти ги воведуваат на граѓаните на Турција по неодамнешното соборување на рускиот авион поради повредата на турскиот воздушен простор, јавува Anadolu Agency (AA).
Во пораката објавена со посредство на социјалните мрежи рускиот парламентарец Гудков тврди дека во актуелниот спор на релација Москва-Анкара не смее да се меша турската власт и турскиот народ.
"Ним (На Турците) не им се дозволува влез во Русија. Со саати се задржуваат на аеродроми, а после тоа се враќаат во Турција. Кажете ми, дали турските студенти или градежници го соборија авионот?", порача Гудков.
Гудков тврди дека актуелната пропаганда на руските медиуми потсетува на нацистичката омраза и расизам и порача дека неговите предци не се бореле и не ратувале за таквите вредности.
Истакнувајќи дека руските државјани не се дискриминирани во светот поради анексите на Крим или граѓанската војна во Украина, Гудков постави прашање, дали нацизмот се раѓа во Украина или во Русија.
"Дали расизмот се раѓа во Украина или во Русија. Застанете и размислете за да покасноне ви црвенее лицето“, заклучи Гудков.