Arif Yakıcı
06 Октомври 2016•Ажурирај: 06 Октомври 2016
ИСТАНБУЛ (АА) - Во Истанбул, на улицата Фатих, во близина на полициската станица „75. години“ во општината Бахчелиевлер се случи експлозија, во која се повредени 5 лица, од кои еден потешко, јавува Anadolu Agency (AA).
Според добиените информации, се дознава дека во 15:50 часот, во близина на полициската станица „75. години“ во Јенибосна, од сѐ уште непознати причини се случи експлозија.
Гувернерот на Истанбул Шахин информираше дека во 15:50 часот, во населбата Бахчелиевлер, на улицата Фатих, во близина на полициската станица „75. години“, се случила експлозија на мотоциклет-бомба и според првичните проценки ранети се петмина, од кои едно лице е рането потешко.
Од експлозијата, причинета е голема материјална штета врз возилата кои се наоѓале во близина и врз околните згради.