Diyar Güldoğan
05 Септември 2023•Ажурирај: 06 Септември 2023
АНКАРА (АА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во врска со судирите помеѓу арапските племиња и терористичката организација ПКК/ЈПГ изјави дека арапските племиња ги заземаат своите територии во единство и солидарност, јавува Анадолу.
„Она што се случува сега е потегот, чекорот на арапските племиња да ги заземат своите територии во единство и солидарност. Затоа мислам дека е важно“, нагласи Ердоган.
„Арапските племиња се вистинските сопственици на тие места. Вистинските сопственици на тие места не се овие терористички организации“, изјави Ердоган за новинарите синоќа во претседателскиот авион додека се враќаше од посетата на Русија.
Ердоган повтори дека ПКК и ЈПГ се терористички организации.
„Борбата на племињата против ПКК и ЈПГ со здруженост е борба за чест“, додаде тој, нагласувајќи дека терористичката организација е опасна за луѓето во регионот.
Операциите што ги започнаа арапските племиња против ПКК/ЈПГ во источната сириска провинција Деир ез-Зор минатата недела, се проширија со учество на други арапски племиња.
Од 27 август, вкупно 33 села се ослободени од окупацијата на ЈПГ/ПКК во руралните области на провинциите Деир ез-Зор, Рака и Хасака и во областа Манбиџ во Алепо.
„Земјите кои ги поддржуваат овие организации мора да видат дека терористичката организација ПКК/ЈПГ не го признава правото за живот на луѓето во регионот преку нејзините терористички активности“, рече Ердоган.
„Анкара постојано ги информира САД и Русија за терористичките активности на ПКК/ЈПГ што ѝ се закануваат на Туркије“, додаде тој.
„Не постои масакр или терористичка активност што оваа терористичка организација не би ги направила за да ја контролира нафтата во Деир ез-Зор. Ги упативме потребните предупредувања до посочените земји во овој поглед.“
„Се виде дека помошта со муниција и оружје што САД ѝ ја обезбедија на оваа терористичка организација не служеше за мирот во регионот. Секое оружје дадено на терористичката организација служи за продолжување на крвопролевањето во регионот и за нарушување на територијалниот интегритет на Ирак и Сирија“, рече Ердоган.