?????
15 Ноември 2015•Ажурирај: 15 Ноември 2015
АНТАЛИЈА (АА) – Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган се состана денеска во Анталија со американскиот колега Барак Обама, јавува Anadolu Agency (AA).
Се работи за средба која е приредена на маргините на Самитот Г20 кој се одржува во Анталија, а чиј домаќин е токму турскиот претседател Ердоган
Обама во Анталија допатува рано утрово за да учествува на Самитот Г20, а билатералниот состанок Ердоган- Обама се одржува без присуство на представници на медиумите.
Денеска во Анталија започна дводневниот Самит на кој лидерите на најразвиените 20 земји од светот како и челниците на поголем број меѓународни организации и лидери на поканети земји ќе разговараат за глобални и регионални теми, вкличувајќи ги прашањата околу тероризмот, бегалската криза и климатските промени.