?????
15 Ноември 2015•Ажурирај: 16 Ноември 2015
АНТАЛИЈА (АА) – Претседателот на Република Турција, Реџеп Тајип Ердоган со воведно обраќање денеска во Анталија, го отвори Самитот Г20, јавува Anadolu Agency.
Во обраќањето Ердоган ги повика земјите да испитаат дали невработенста, сиромаштвото и нееднаквоста во светот се причините за последите терористички напади. Обраќајки се на состанокот на групата Бизнис 20 (B20) и Работа 20 (L20), кој се одржува во рамките на Самитот Г20, а пред состанокот со американскиот претседател Барак Обама, Ердоган рече дека за причините за тероризмот мора да се расправа за да тој може да се порази.
"Се плашам да не се љубоморни малку светскиот капитал и финансискиот сектор. Мислам дека треба да размислиме околу тоа. Ако ги погледнеме последните терористички напади мораме да се запрашаме дали една од причините на терористичкиот напад е љубомората. Мораме да истражиме дали невработеноста, сиромаштвото и нееднаквоста се причините за терористичките напади” , рече Ердоган.
Додаде дека бизнис заедницата мора да делува великодушно за да ја елиминира таа љубомора во светот.
“Оваа великодушност исто така ќе води кон решавање на прашањето на тероризмот и сиромаштвото во светот. Таа исто така ќе ја елиминира љубомората и зависта. Ние мораме заедно да го решаваме овој проблем”, порача турскиот претседател. Кажа дека се прашува дали финансискиот свет ги поддржува младите луѓе во светот кои сакаат да станат претприемачи или дали ги поддржуваат невработените жени.
“Во Турција, ние зборуваме за овие чекори за младите луѓе и жени кои сакаат да инвестираат, кои ќе бидат поддржани од страна на владата” рече Ердоган.
Тој исто така кажа дека одржливиот раст и имплементацијата во светот се важни како и инклузивноста.
“Инклузивниот раст ќе биде постојаниот елемент на Г20 благодарејќи на Б20 и Л20” , истакна Ердоган.
Турскиот претседател во обраќањето го пофали придонесот на Турција во решавањето на проблемите со нееднаквоста.
"Стапката на нееднаквоста ќе паѓа како што ќе биде зголемена стапката на растот. Ние, всушност, тоа го постигнавме. Минималната и просечната плата во Турција пораснаа. Исто така, ние преземавме и некои важни чекори на полето на вработување на младите и жените, како и воспоставување на е-влада, SMEs инвестирањето, а ви сети тоа направиве значителен напредок. Веруваме дека тоа се важни елементи на социјалната политика”, напомена Ердоган.