Yıldız Nevin Gündoğmuş
23 Август 2019•Ажурирај: 23 Август 2019
АНКАРА (AA) - Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, и неговата сопруга, Емине Ердоган, ги примија сијамските близначки Сема и Ајше Танрикулу, кои живеат во градот Кахраманмараш, јавува Anadolu Agency (AA).
Турскиот претседател со сопругата ги примија сијамските близначки и нивното семејство во Претседателската палата во Анкара.
Средбата беше затворена за медиумите, а претседателот Ердоган и неговата сопруга Емине во таа пригода одредено време разговараа со сијамските близначки.
Емине беше воодушевена од нивната позитивна енергија и им рече и понатаму да ги задржат таквите чувства и им посака многу среќа во нивното школување.
Сијамските близначки Сема и Ајше Танрикулу го информираа претседателот Ердоган и неговата сопруга за нивното образование и идните животни планови.
Истакнаа дека се многу среќни што се запишале на факултет, напоменувајќи дека сакаат да работат откако ќе дипломираат.