Ferdi Türkten
19 Јуни 2018•Ажурирај: 19 Јуни 2018
АНКАРА (AA) – Претседателот на Република Турција Реџеп Таип Ердоган го пофали португалскиот фудбалски ас Кристијано Роналдо поради палестинското прашање, јавува Anadolu Agency (AA).
Во програмата „Средба на младите и технологијата" турскиот претседател во директен пренос одговараше на прашањата кои турската младина му ги поставуваше на социјалните мрежи.
Ердоган одговори и на прашањето кого го смета за фаворит на актуелното Светско фудбалско првенство во Русија и да ја спореди играта на двајцата најдобри фудбалери на денешнината, Лионел Меси и Кристијано Роналдо.
„Во почетокот говорев дека Германија е фаворит, но загубија. Германија загуби во првиот меч и работите малку се искомплицираа. Сите силни сега губат. Ја видовме и ситуацијата и со Бразил. Мексико играше одлично, не знам дали така ќе продолжат", рече Ердоган.
На прашањето Меси или Роналдо, Ердоган рече дека Роналдо е посебен и дека трите гола кои ги постигна против Шпанија се многу важни, иако Португалија со тие голови избори само реми.
„Хет-трикот е врв, нема тука дискусија и тоа не го може секој. Оној перформанс, карактерот и вербата која Роналдо ја покажа на терен, токму како и неговиот став за палестинското прашање се многу важни и затоа му му аплаудирам", порача Ердоган.