Kaan Bozdoğan,Elif Küçük
08 Декември 2019•Ажурирај: 08 Декември 2019
ИСТАНБУЛ (АА) - Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, го прими на средба премиерот на Албанија, Еди Рама, јавува Агенција Анадолија (АА).
Албанскиот премиер Рама, во рамки на посетата на Турција се сретна со турскиот претседател Ердоган.
Средбата се одржа во претседателската работна канцеларија во палатата Долмабахче во Истанбул.
Оваа средба која беше затворена за медиумите, траеше 1,5 час.