Muhammed Nuri Erdoğan
07 Декември 2019•Ажурирај: 08 Декември 2019
АНКАРА (АА) - Турските сили во операција поддржана од воздух неутрализираа 5 терористи во Муш, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Тоа преку соопштение го потврди Министерството за внатрешни работи на Турција.
Според ова соопштение, специјалните тимови на градската Жандармериска команда извршиле операција поддржана од воздух во подрачјето на Шенјајла во Муш.
Во соопштението се нагласува дека во рамки на операцијата неутрализирани се пет терористи заедно со нивните оружја.
Се додава дека операциите се во тек.