АНКАРА
Последниот таканаречен Поморски договор меѓу Грција и Египет во врска со ексклузивните економски зони на Источниот Медитеран е невреден, рече турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Овој договор меѓу Грција и Египет нема никаква вредност“, нагласи Ердоган, во изјава за медиумите во Истанбул по извршувањето на петочната молитва (џума намаз).
„Не чувствуваме потреба за преговори, особено со оние кои немаат ниту правни ниту законски основи на темата за поморска надлежност“, додаде Ердоган.
Египет вчера соопшти дека потпишал билатерален договор со Грција за утврдување на поморските надлежности меѓу земјите од Источен Медитеран.
Министерството за надворешни работи на Турција реагираше против таканаречениот договор, нагласувајќи дека Грција и Египет немаат ниту една заемна поморска граница и дека овој договор е невреден за Анкара.
Ова Министерство додаде дека демаркираната зона во договорот се наоѓа на континенталниот гребен на Турција, како што Анкара известила во ОН.
Меѓу другото, во врска со експлозијата што се случи на 4 август во либанскиот главен град Бејрут, Ердоган истакна дека Турција со внимание ги следи информациите на либанските власти и на братскиот либански народ.
„Ќе бидеме покрај Либан со сѐ што имаме, ќе бидеме покрај Бејрут, ќе бидеме и покрај народот на Либан“, рече Ердоган.
Турскиот претседател рече дека развојот на оваа држава продолжува и во иднина.
„Нашиот развој како Турција, нашето искачување го продолжуваме со висока стапка ќе го продолжиме и во иднина“, рече Ердоган.
„Го продолжуваме патот станувајќи сѐ посилни. Денес сме посилни од вчера, утре ќе бидеме уште посилни“, додаде турскиот претседател.