Halil Şahin
07 Август 2020•Ажурирај: 10 Август 2020
ИЗМИР
- Халил ШАХИН
Пробивањето на шифрите на „поволен кандидатски број“, што терористичката организација ФЕТО го користела за вметнување на своите припадници во редовите на Турските вооружени сили, одигра значајна улога во дешифрирањето на крипточленовите на ФЕТО, јавува Агенција Анадолија (АА).
Еден по еден се разоткриваат методите што ги користела ФЕТО, со цел да го скрие идентитетот на своите членови инфилтрирани во државните институции.
Методот на „поволен кандидатски број“, кој е откриен во рамките на истрагата спроведена во Измир, откри на кој начин ФЕТО ги инфилтрирала своите членови во Командата на воздухопловните сили.
Откривањето на методот на „поволен кандидатски број“, кој е една од апликациите како што се „БајЛок“, ФЕТОМЕТРЕ и јавните телефонски линии, овозможи да се дојде до крипточленовите на ФЕТО.
- Го шифрирале деветцифрениот број на кандидатите
Во рамките на истрагата во врска со поставувањето на припадниците на ФЕТО во структурата на Турските вооружени сили спроведена од Одделот за борба против организиран криминал на провинциската полиција, координирана од страна на Главното јавно обвинителство на Измир, експерти ги провериле испитите во Воздупловното подофицерско стручно училиште (HAMYO), во периодот од 2004 до 2016 година за вработување во Командата на воздухопловните сили.
При испитувањето, утврдено е дека биле шифрирани идентификациските брови на кандидатите кои учествувале во интервјуата на училиштето, одржани во Измир во 2005, 2011 и 2012 година.
Утврдено е дека од деветцифрениот кандидатски број, со збир на одредени цифри од овој број, припадниците на ФЕТО добивале збир кој бил поволен број, при што успешно го поминувале интервјуто, што на терористичката организација ѝ овозможило да ги инфилтрира своите членови во Военото училиште.
- За секој тест користеле различна шифра
Благодарение на стручна проценка направена од експертите, откриено е дека збирот на четвртата и петтата цифра од деветцифрениот број на кандидатите кои учествувале на испитот, Воздупловното подофицерско стручно училиште во 2005 година давало бројка 1, 2, 5 и 7 - бројки од поволната група.
Подоцна организацијата ги сменила шифрите што биле применети на следните два испити. На испитот одржан во 2011 година за запишување во Военото училиште, вкупниот број од третата и шестата цифра од кандидатскиот број ги давал броевите 3, 6, 7, 8, 11 и 12, додека на испитот од 2012 година, збирот на броевите од втората, третата и деветтата цифра давал збир 9, 10, 11, 13, 15, 17, 19, 22, 24, кои претставувале „поволни“ кандидати.
- „Многу е мала веројатноста тоа да е случајност“
Експертскиот извештај исто така открива дека шифрирањето на кандидатските броеви е направено на начин да дадат одредени резултати кога ќе се соберат некои цифри, додавајќи дека не е случаен таквиот метод на шифрирање.
Во извештајот е наведено дека веројатноста кандидатските броеви да бидат случајно компатибилни со шифрирањето на организацијата е помала од веројатноста 10 пати по ред да се победи во ждрепката на Националната лотарија.
Покрај тоа, се истакнува дека кандидатите чии броеви се погодни за формулата, не се надвор од опсегот на организациска активност.
Во рамките на истрагата спроведена од Главното јавно обвинителство во Измир, на 9 јуни утврдено е дека во текот на интервјуата, за членовите на ФЕТО кои во периодот од 2004 до 2016 година учествувале на испитите спроведени во Измир, направени се неправилности, на тој начин што им е даван кандидатски број кој бил шрифриран, овозможувајќи им интервјуто да им биде сметано како успешно поминато.
По овој основ, уапсени се 74 од 181 осомничен фатени во операцијата водена од Измир, спроведена во 27 турски области, а останатите се ослободени под услов да бидат под судска контрола.