Esin Işık
05 Јуни 2020•Ажурирано: 07 Јуни 2020
АНКАРА
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган рече дека неговата земја и во текот на пандемијата ја покажа својата големина, јавува Агенција Анадолија (АА).
Ердоган во Анкара се обрати пред присутните по повод отворањето на богатите национални комплекси во неколку турски градови.
Тој рече дека Турција ќе продолжи да напредува се додека последниот турски државјанин кој ќе отиде во странство престан да се восхитува на тамошните услуги.
„Нашето надминување на пандемијата со најмала можна штета е резултат на 18. годишни вложувања во сите животни сфери. Никој не може да порекне дека по изминатите три месеци помислил колку е среќен што живее во Турција", рече Ердоган.
Тој ги предупреди граѓаните на Турција да се придржуваат на мерките против ширење на заразата, иако денес ја укина одлуката за полициски час кој беше предвиден за викенд во 15 турски градови.
Турскиот претседател истакна дека многу земји воделе војна околу заштитните маски, додека Турција пружаше помош не само на своите држави, туку и на земјите на кои помошта им била потребна и додаде дека во текот на пандемијата е доставена медицинската помош во 102 земји.
„Пандемијата покажа дека бројките не се показател на големината на една држава. Голема држава покрај финансиските можности бара и милост, солидарност, хуманост. Ние, фала му на Бога, во текот на пандемијата на целиот свет му покажавме дека сме една голема држава", рече Ердоган.