Kubilay Çelik
14 Април 2017•Ажурирај: 15 Април 2017
КОЊА (AA) - Претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган денеска пред илјадници граѓани во Коња порача дека не станува збор за федерализација на Турција и нагласи дека такво нешто не е предмет на било какви разговори во земјата, јавува Anadolu Agency (AA).
„Секогаш бев оној кој понајвеќе ја бранеше унитарната структура на Турција. Региони, федерација, ова или она, ништо од тоа не е на нашата агенда и нема да биде", порача Ердоган, одговарајќи на шпекулациите дека уставните промени можат да донесата и поинаков пристап на комплетното уредувње на земјата.
Претседателот на Турција потсети и дека во текот на 20 месеци се неутрализирани околу 11 илјади терористи и најави продолжување на решителната борба против тероризмот.
- „Во недела Западот ќе го добие одговорот"
Турскиот претседател рече дека „оние кои и нанесуваше штета на Турција користеќи ги терористичките организации мислеле дека народот ќе се предаде, но се излажале".
„Тоа го правеше Германија, тоа го прави Франција, Брисел, Белгија е во тоа. Тоа го прави Швајцарија и Австрија. Можат да се обидуваат што сакаат но од овој народ не се појаки", рече Ердоган и додаде:
„Во недела ќе му го пратите одговорот и на Западот. Вашето 'да' ќе биде одговорот на Западот".