Aylin Sırıklı
19 Јануари 2017•Ажурирај: 20 Јануари 2017
АНКАРА (АА) - Претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган, денес во Анкара изјави дека никому нема да му биде дозволено на Турција да ѝ нанесува штета со тероризам, со удари на економијата и со предавничките организации, јавува Anadolu Agency (AA).
„Никому нема да дозволиме во нашата земја да ѝ нанесува штета со тероризмот, економијата и со предавничките организации. Одлучни сме да го пронајдеме коренот на секоја закана и да ѝ ја згмечиме главата на змијата“, порача Ердоган.