Ferdi Türkten
10 Јули 2020•Ажурирај: 11 Јули 2020
АНКАРА
Претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган се обрати во живо.
Ердоган за Ајасофија и одлуката за нејзиниот статус рече: „Откако е отстранет статусот на музеј, го укинуваме и плаќањето за влез во џамијата Ајасофија“.
Зборувајќи за враќањето на статусот на џамија, Ердоган за Ајасофија истакна „Новиот статус на Ајасофија која е заедничкото наследство на човештвото, ќе продолжи да ги прифаќа сите, на многу поискрен и пооригинален начин.“
Ердоган: „Во нашата земја за молитви се отворени 435 цркви, синагоги и други верки објекти. Ваквата слика е манифестација на нашето разбирање и гледање на нашите разлики како богатство“
Околу дискусиите Ајасофија да остане музеј, турскиот претседател потенцираше „Логиката на инсистирањето Ајасофија да остане као музеј е како да се бара Ватикан да се претвори во музеј и да се затвори за богослужба“
- Планираме Ајасофија да ја отвориме за молитва на 24. јули 2020
„По брзото завршување на подготовките, планираме Ајасофија и официјално да ја отвориме за молитва заедно со петочната молитва на 24. јули 2020“, рече Ердоган, најавувајќи го отворањето на Ајасофија како џамија.
За слободниот влез во џамијата Ајасофија Ердоган потенцираше „Како и во сите џамии, вратите на Ајасофија ќе бидат отворени за секого, Турците и странците, за муслиманите и за немуслиманите“.
- Ги повикувам сите да ја почитуваат одлуката за Ајасофија
Во врска со донесената одлука на турските првосудни органи претседателот на Турција истакна „Ги повикувам сите да ја почитуваат одлуката што ја донесоа правосудните и извршни органи на нашата земја во врска со Ајасофија“
„Се разбира дека ќе покаже разбирање за сите видови на мислења по ова прашање на меѓународно ниво. Но, прашањето за каква цел ќе се користи Ајасофија е поврзано со суверените права на Турција“, рече Ердоган, осврнувајќи се на правата на Турција како независна држава.
Во продолжение на своето обраќање, Ердоган истакна „По ова прашање, било каков став и израз надвор од изразување на мислења, ќе го прифатиме како повреда на нашата независност“.