Yusuf Özcan
27 Јуни 2018•Ажурирај: 28 Јуни 2018
ПАРИЗ (АА) - ЈУСУФ ОЗЏАН -
Жана Жабур, политиколог во Меѓународниот центар за истражување (CERİ) при Универзитетот „Сиенс По“ (Sciences Po) во Франција, истакна дека турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, со својот успех во изборите упати порака до земјите од Западот дека тој е моќен лидер, пишува Anadolu Agency (AA).
Жабур, автор на книгата „Турција: Раѓање на една различна дипломатија“, во интервју за АА разговараше околу успехот на Ердоган на претседателските и 27. парламентарни избори кои се одржаа на 24 јуни во Турција.
„Изборите недвосмислено беа огромна победа за Ердоган и неговата партија. Ердоган успеа да стане популарен лидер кој е сакан од народот“, нагласи Жабур.
Осврнувајќи се на тврдењата на земјите од Западот и опозицијата дека постои измама во изборите, Жабур рече дека во избори на кои излезноста е многу висока, не може да се влијае врз резултатите, и дека Ердоган на овие избори излегол посилен и од национален и од меѓународен аспект.
„Од национален аспект изборите покажаа дека Ердоган е лидер кој мисли за интересите на земјата, бидејќи доби 52,5 отсто од гласовите против пет кандидати. Ова е важно. Од меѓународен аспект, со победата Ердоган до земјите од Западот кои се обидоа да го претстават како немоќен во неговата земја и изнесоа мислење дека изборите ќе одат во втор круг, им испрати порака дека тој е моќен лидер“, нагласи таа.
Жабур се осврна и на иднината на односите на Турција со Западот, по избирањето на Ердоган како претседател, и рече дека, како и во минатото, така и сега и во иднина, целта на Ердоган ќе биде Турција да се смета еднаков сојузник од страна на земјите од Западот, а во случај да не се случи тоа, Турција на тактички начин може да се зближи со Русија и Иран.
Жабур смета дека Турција ќе упати порака до земјите од Западот дека има алтернатива и дека нема потреба од нив.
Според неа, кај повеќето европски земји постои чувство против лидерот на Турција.
„Европејците не ја сакаа победата на Реџеп Таип Ердоган бидејќи тој е лидер кој им се спротивставува на доминантните и големи сили. Западот и Европа мора да ја прифатат вистината дека Ердоган е повторно избран и да соработуваат со него во областите како што се борбата против тероризмот и бегалците. Тие не се задоволни од она што Ердоган е повторно избран, но мора да работат со него“, додаде Жабур.
Таа нагласи дека западните медиуми, особено француските, реализирале кампања против Ердоган, но оваа кампања создала контра-ефект.
Според Жабур, таквата кампања влијаела врз мнозинството Турци кои живеат во странство да гласаат за Ердоган и АК Партија.
Односи Турција - Франција
Зборувајќи за односите меѓу Франција и Турција, Жабур истакна дека од средбата меѓу Ердоган и францускиот претседател Емануел Макрон во Елисејската палата во јануари, се потврди дека францускиот претседател Макрон ја прифаќа Турција како еднаков сојузник, но Макрон и да сака повеќе да ги развие односите меѓу две земји, тоа ќе биде спречено од страна на политиката што ја води ЕУ, а особено Германија.
Жабур смета дека Франција треба да продолжи со развивање на односите со Турција, бидејќи тоа ќе биде во интерес на двете земји.