Sinan Uslu
08 Февруари 2018•Ажурирај: 08 Февруари 2018
АНКАРА (АА) - Претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган, денеска оствари телефонски разговор со претседателот на Иран, Хасан Рохани, јавува Anadolu Agency (AA).
Според информациите до кои дојде АА, Ердоган и Рохани размениле мислења во врска со последните случувања во Сирија.
Исто така, се наведува дека двајцата лидери изразиле задоволство поради зајакнувањето на соработката на Турција и Иран на полето на безбедноста и борбата против тероризмот.